Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНКАРА: Медиумско затемнување и каранфили за жртвите во нападот

АНКАРА: Медиумско затемнување и каранфили за жртвите во нападот

Продолжува да расте бројот на жртвите и на повредените од нападот во Анкара од вчера.

Според последните податоци бројот на загинале е над 128 лица, а повредените - над 240. Отцепениот периметар околу местото на терористичкиот чин е многу голем, затворен е за автомобили, а новинарите се запрени на повеќе од 500 метри.

Беше распространета информацијата дека премиерот Ахмет Давутоглу преку Советот за радио и телевизија го забранил ширењето на вестите поврзани со терористичкиот чин во Анкара.

Karanfili

Терористичкиот чин ја потресе земјата. Се случи до централната железничка станица во градот, неколку минути откако учесниците во планираниот мирен протест се собрале.

"Ние ги испитуваме сите овие мрежи како потенцијални сторители. Од пред извесно време добиваме разузнавачки информации засновани врз изјавите на групи во северен Ирак и од " Исламска држава " дека бомбаши самоубијци ќе бидат испратени во Турција", објави Давутоглу.

Земјата е во тридневна национална жалост. За овие денови запира и предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 1 ноември.

Засега никој не ја презеде одговорноста иако според вчерашните соопштени инфорамции од надлежните во Турција, првите индикации упатуваат на тоа дека терористичкиот напад е дело на Исламска држава.

Граѓаните го наполниле Плоштадот Сихија во центарот на Анкара во непосредна близина на местото на вчерашниот напад пред градската железничка станица.

Агенциите јавуваат дека нереди избиле кога полицијата употребила солзавец како би ги спречиле насобраните да положат каранфили на местото на несреќата.

Слично

Поврзани вести