АНКАРА ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА БАГДАД: Не ја повлекуваме војската, не провоцирајте!
Иако турските војници неповикани влегоа во Ирак, и таму се распоредиле, шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу тврди дека неговата земја го почитува територијалниот интегритет на Ирак.
Анкара соопшти дека последното разместување на војниците на северот од Ирак е дел од мисијата за обука и опрема на ирачките сили, што владата на Ирак го демантираше.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/SputnikInt/status/674005800692527104?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Властите во Ирак најавија дека, доколку Анкара не ги повлече своите војници, ќе се обрати до Обединетите нации.
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјавил дека сака што порано да го посети Багдад како би се смирила моменталната состојба.
Турските војници се наоѓаат во Ирак со цел заштита во случај напад на ИСИЛ, а секој што ќе се обиде да го интерпретира присуството на тие сили на поинаков начин „намерно провоцира“, рекол Давутоглу во обраќањето на неговата партија во парламентот.
Тој навел дека Турција на состанокот на министрите вчера, ги разгледала можните мерки против Русија, но и дека е отворена за разговори со таа земја.
Русија наметна низа санкции за Турција после соборувањето на рускиот авион на границата со Сирија минатиот месец, потсетува Ројтерс.
Давутоглу ги осуди „навредите и нападите“ на Турција кои доаѓаат од Иран, предупредувајќи дека на тој начин се нарушува пријателството помеѓу тие две земји.
