Анкара: Декларацијата на бугарскиот парламент ќе се одрази негативно на односите
Турција остро ја критикуваше декларацијата усвоена од бугарскиот парламент во која масакрот на 1,5 милиони Ерменци од страна на властите во Отоманската империја во 1915 година беше прогласена за „масовен геноцид“.
Во соопштението објавено на страницата на турското Министерство за надворешни работи, се вели дека „оваа одлука ќе влијае негативно на турско-бугарските односи“.
Eве го целосниот текст:
Декларацијата донесена на 24 април од бугарскиот парламент е решение во врска со настаните во 1915 година, иницирано од ултранационалистичката, ксенофобична и расистичка партија „Атака“, која исто така е и против евроатлантските вредности, покажува непријателски однос кон Турција. Турција ја отфрла оваа клевета во однос на нејзината историја.
Парламентот на нашиот сосед Бугарија, за жал, беше земен како заложник од екстремистичките елементи во него, како се игнорираат хуманитарните и конкретни иницијативи кои Турција ги презема во оваа историско прашање.
Без сомневање ова решение ќе се одрази негативно на турско-бугарските односи. Овие ставови беа исто така пренесени на бугарскиот амбасадор во Анкара, кој беше поканет во министерството вчера.
