Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Анима мунди“: Од новите правила за комунален ред ќе настрадаат уличните кучиња!

„Анима мунди“: Од новите правила за комунален ред ќе настрадаат уличните кучиња!
Здруженијата за заштита на животните реагираат на овите превила за комунален ред во Скопје со кои се забранува чување на кучиња скитници на јавни површини. „Анима Мунди“ и Асоцијацијата на активсти за права на животните бараат од градоначалникот Коце Трајановски да ја одложи примената на новите правила, кои според нив се премногу ригорозни.
„Се сомневаме дека на сметка на домашните миленици, ќе настрадаат токму уличните. Сметаме дека е небулозно да се носат вакви ригорозни одлуки додека во градот Скопје се уште има бројна неевидентирана популација на бездомни животни“, стои во реакцијата.
Реагираат и на членот 86 од Одлуката кој предвидува дека на подрачјето на градот Скопје се забранува чување, терање, напасување и хранење на животни и живина.
„Бараме дециден одговор од градоначалникот Трајановски – зошто на љубителите на животните им забранувате да ги хранат бездомните кучиња? Сметате ли дека е подобро истите да умрат од глад, а граѓаните да ја фрлаат храната што им останува наместо со истата да нахранат друго живо суштество? Зошто ја забранувате грижата за животните?“, реагираат активистите кои бараат итна средба со Трајановски.
Одлуката за нов комунален ред во Скопје утре ќе се најде пред Советот на Градот, кој треба да го даде конечното зелено светло. Освен за начинот на чување на домашни миленици и грижа за животните, нови правила се пропишуваат и во повеќе други области - изгледот на балконите, двориштата, јавните површини. Повеќе за тоа какви новини ќе донесе овој правилник на следниот линк: Градските власти во комунална офанзива: ова се правилата што сите ќе мора да ги почитуваат!
Слично

Поврзани вести