Економија, финансии, бизнис

Контакт

Англиски, германски или француски – задолжително за секој лекар

Англиски, германски или француски – задолжително за секој лекар
Активно познавање на најмалку еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ - англиски, германски или француски, заедно со постигнат просечен успех од сите предмети на сите циклуси на универзитетски студии во иднина ќе биде услов за вработување на лекарите. Оваа одредба е дел од новините во Законот за здравствена заштита, кои ги презентираше министерот за здравство Никола Тодоров. Целта е да се олесни комуникацијата на лекарите со пациентите, појаснува тој. Освен ова, измените вклучуваат уште пет други мерки. Така обврска секој здравствен работник вработен во јавна здравствена установа кој бил на стручно усовршување или оспособување е во рок од две недели по враќањето да изврши презентација пред стручниот колегиум на новата здравствена метода. Освен ова, докторот на медицина, стоматологот или фармацевтот на терцијарно ниво има право и должност да ги усвои и самостојно да ги користи сите здравствени методи или постапки што се користат во јавните здравствени установи во кои што е вработен во рок од две години од денот на вработувањето. Според измените, докторите ќе имаат обврска на седум години да воведат и самостојно да користат најмалку по една нова здравствена метода или постапка која што не се користела во установата каде што е вработен.
Слично

Поврзани вести