Анѓушев за квотите од ЕУ: Не треба да се прават катастрофални сценарија
Вицепремиерот Кочо Анѓушев во Топ тема на Телма вечерва изјави дека заштитните мерки за увоз на одредени челични производи во ЕУ, Европа ги прави за да се заштити од нелојална конкуренција.
Вели дека тоа ќе влијае на Максил, но додава дека тие работеле и претходно со режим на производство, така што не гледа причина за отпуштања.
Анѓушев објаснува дека новонастаната ситуација нема да влијае на македонската економија.
Toj вели дека ова е одлука на Европска Комисија, но не треба да се прават катастрофални сценарија.
Вели дека чуда нема да се случат, но и дека не станува збор за апокалипса.
Слично
