Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анѓушев: Владата нема со државни пари да го враќа долгот за неплатена струја на граѓаните

Анѓушев: Владата нема со државни пари да го враќа долгот за неплатена струја на граѓаните


Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска пред новинарите ги демантираше вестите дека Владата со 110 милиони евра од буџетот ќе ги враќа утужените долгови на граѓаните за неплатени сметки за струја наталожени до 2006 година.

Изјави дека државата нема да потроши ништо од Буџетот, туку станува збор за простување со отпис.на долгови кон поранешното Електростопанство на Македонија.

„Овие долгови се од старото ЕВН кои при одвојувањето на три компании биле распределени на ЕВН и ЕЛЕМ кои сега компаниите не можат да ги наплатат. Компаниите тешко можат да ги наплатат овие долгови и ние предлагаме да ги отпишат со што ќе се ослободат граѓаните од тужбите пред судовите“, рече Анѓушев.

Не можеше да каже колкав е износот на долгот на граѓаните и за колкава бројка на граѓани станува збор откако премиерот Зоран Заев изјави дека се работи за 200 илјади семејства со долг од 110 милиони евра, бројки кои одредени медиуми ги оспорија како „надувани“.


Слично

Поврзани вести