Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анѓушев: Треба да се проверат околу 60-тина лиценци

Анѓушев: Треба да се проверат околу 60-тина лиценци

За време на синоќешното издание на „Економски магазин“ во Алсат, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев се согласува дека постојат неправилности во компаниите кои дистрибуираат нафта и нафтени деривати. 

Анѓушев нагласува дека треба да се разгледаат околу 60 лиценци што биле издадени од претходните структури на Регулаторната комисија.

Генералниот директор на Макпетрол, Андреја Јосифовски, рече дека Регулаторната комисија треба да го либерализира пазарот, така што компаниите ќе ги утврдат цените. 

Јосифовски вели дека не е фер цената на одредени деривати да треба да биде регулирана од Комисијата, а цената на некои други да се формира слободно.

Слично

Поврзани вести