Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анѓушев со храбро ветување до крајот на 2019-та

Анѓушев со храбро ветување до крајот на 2019-та

Кочо Анѓушев, вицепремиерот за економски прашања, на владина трибина во кавадарци вети дека до крајот на 2019-та нови 30 фабрики ќе започнат со својата изградба во текот на оваа година.

- Во моментов се градат 18 фабрики во индустриските зони, а до крајот на годината ветувам дека на овие 18 ќе им се приклучат 30 нови кои до 2020-та ќе започнат да ги подигнуваат своите капацитети. Утре ќе ја најавиме првата. Тоа е Герешајмер од Германија - рече Анѓушев, одговарајќи на прашање на еден од посетителите за тоа како ќе се зголеми стапката на вработеност во Македонија.

Тој наведе дека за да се зголеми вработеноста во Македонија потребно е да се развие само индустријата и змејоделството, што треба да биде приоритет.

- Ние немаме нафта како Норвешка и земјите од Блискиот исток, ниту имаме море за туризмот да стане носечка гранка. Мора да се насочиме само на индустријата, земјоделитео и градежништво во инфраструктура. Кавадарци е таков пример, каде што индустријата и земјоделството се успешно комбинирани и затоа тоа е град со најмала невработеност. Тоа е предуслов да се развие и трговијата - рече Анѓушев.

Додаде дека со подобрувањето на временските услови нема да има градежна машина која ќе биде слободна во Македонија, особено со интензивирањето на градбите на Коридорот 8 со Бугарија.

Слично

Поврзани вести