Анѓушев: Со 25 милиони не можете да направите чуда во Македонија
Вицепремиерот Кочо Анѓушев вечерва во Само вистина на Канал 5 изјави дека со прогресивниот данок ќе имаме праведно општество.
Вели дека 25 милиони евра се помалку од 1% од буџетот на Македонија.
„Реформата е да се каже дека треба да има една малку поголема одговорност во општеството“, вели Анѓушев.
Според него, со овие пари треба да се подобри општото ниво на живеење во Македонија.
„Со 25 милиони не можете да направите чуда во Македонија“, додаде тој.
Вели дека преку ноќ големи промени нема да има, но вакви потези рече дека треба да се прават.
Анѓушев признава дека има нерегуларно работење во земјава, но вели тоа е борба која нема да биде лесна, но Владата нема алтернатива освен да се фати во костец со оваа појава.
„Државата се задолжувала и тоа не може да трае бесконечно, ќе се случи грчко сценарио. За да не ни се случи таков крах, на време треба да ја санираме ситуацијата“, вели тој.
Вели дека ова се прави за да имаме извесни пензии во иднина.
