Анѓушев: Прогресивен данок за мене и за најбогатите
Поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев во синоќешното интервју во емисијата „Само Вистина“ побара да се воведе прогресивен данок за надминување на економските последици од пандемијата но само за најбогатите граѓани.
- Јас сакам прогресивен данок, но само за тие што се најбогати. Еве мене оданочете ме, но не ги оданучувајте инженерите од 1.000 или 2.000 евра. Не се тие богатите. Дозволете им тие да работат. Ставете прогресивен данок за приходи над 5.000 евра, над 10.000 евра. Зборувам за годишна даночна пријава, рече еден од сопствениците на „Брако“ и „Феро Инвест“.
Тој рече дека сепак опкружувањето во Македонија не е такво да може да се воведе прогресивен данок, затоа што ако околните земји ги задржат истите даночни системи, тогаш нашите граѓани и бизнисмени „ќе се преселат“ на шалтерите кај поблиските држави.
