Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анѓушев: Оваа Влада не издаде ниту една нова акредитација за високо образование

Анѓушев: Оваа Влада не издаде ниту една нова акредитација за високо образование

Кочо Анѓушев, вицепремиерот за економски прашања, синоќа на трибината „На прав пат“ во Кавадарци рече дека актуелната власт за две и пол години колку што трае нејзиниот мандат нема издадено ниту една нова акредитација за нов факултет поради претходната хиперпродукција на нови центри во високото образование.

- Образованието мора да се подоби, но тоа не може да се направи во две и пол години. Направивме план како треба да се измени средното образование, како да се измени факултетското образование, за да тоа одговара на економијата на државата. Кажете ми која е таа држава, со тој разум и рационалност, да има 143 средни училишта а истовремено 196 факултети. Па каде го има тоа?Која држава може тоа да го издржи?, рече Анѓушев.

Вицепремиерот додаде дека Владата сепак нема моќ таквата нерамнотежа да ја укине, но може да биде пасивна и да не издава нови акредитации.

- Тие луѓе добиле лиценци, добиле акредитации, инвестирале средства и ако вие сега наеднаш ги укинете ќе се соочите со владеење на правото. Што можеме да направиме? Да не издаваме нови. И не издаваме нови. Оваа Влада нема издадено ниту една нова акредитација. Меѓутоа, тоа од претходно направи една дисторзија

Слично

Поврзани вести