Анѓушев откри три СТОЛБА за развој на економијата
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев откри три СТОЛБА врз кои ќе се базира навата економска стратегија.
Првиот столб ќе се фокусира на развој на домашните компании преку различни програми за помош и развој на бизнисот. Ќе се поддржува извозот од македонските компании, ќе се вложува преку линии на ИПА Фондовите и државниот буџет, ќе се реформира Македонската банка за поддршка и развој.
Следен итен чекор е ревизија на ефектите од договорите кои државата ги склучувала со странските инвеститори. Тие нема да бидат прекинати, меѓутоа ќе има еднаков третман и на странските компании кои досега добивале директна државна помош со цел и домашните компании да добијат шанса од Владата. Ќе се направат и напори за странските компании повеќе да соработуваат со македонските бидејќи сега соработката е многу ниска
Третиот столб е насочен кон ревитализација на енергетскиот сектор. Тука најпроблематично е функционирањето на РЕК Битола и се помалото домашно производство на електрична енергија. Планирано е да се изгради железница до РЕК Битола каде има 1000 вработени и до ТЕЦ Осломеј. Исто така ќе се прошири фокусот на обновливи извори на енергија со поттикнување на соларната енергија. За таа цел ќе се распише тендер за инталација на фотоволтаици со капацитет од 120 мегавати на државни парцели со еден приклучок, а првите 30 кои ќе бараат најниска субвенционирана цена ќе го добијат договорот.
Ова се дел од итните мерки и основните постулати врз кои новата влада ќе ја води економската политика со цел да воспостави поголема конкурентност и развој.
