Анѓушев: Македонија доби 3 милиони долари од арбитражата за Фени Индустри
Кочо Анѓушев, поранешниот вицепремиер за економски прашања, рече дека Македонија добила 3 милиони долари како обештетување од арбитражата што државата ја доби против поранешните сопственици на комбинатот Фени Индустри кој преку стечајна постапка беше продаден на нова компанија.
- Тие покренаа арбитража против државата во Вашингтон и тие таа арбитража ја загубија. Тоа е прва арбитража што државата успешно ја доби и не само што ја доби, туку и доби и надокнада од три милиони долари од претходните сопственици заради судската постапка, клеветите итн, Тоа е малку познато кај нас, рече Анѓушев во интервјуто во емисијата „Само Вистина“.
Ова бизнисменот и професор на машинскиот факултет го откри во контекст на обвинувањата на негова адреса дека имал личен интерес од спроведувањето на стечајот на актуелниот Еуроникел Индустри.
