Анѓушев и Јанчев заедно ги убедуваа инвеститорите
Вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска од Кавадарци на иста маса со стопанственици и градоначалникот Митко Јанчев зборуваше за поддршката која Владата им ја овозможува во рамки на програмите за поддршка на бизнис секторот.
Анѓушев ги слушна потребите на бизнисмените од овој регион а посочи и дека за 2018 година Владата обезбедила рекордни средства од буџетот во висина од над 30 милиони евра, кои се реализираат преку неколку економски програми.
-Оваа година за првпат почнавме да ги имплементираме мерките од Планот за економски раст, кој се реализира преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите и Програмата за поддршка на мали и средни претпријатија на Фондот за иновации и технолошки развој. Станува збор за транспарентни мерки, достапни за сите компании, домашни и странски, со исти критериуми за сите-кажа Анѓушев.
Тој вели дека мора да се намалат дминистративните процедури за компаниите, особено во постапките за јавни набавки и јавни повици и системски да се пристапи на проблемот и документите кои може самите институции да ги разменат, да се олесни на компаниите во тој процес.
Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања им се обрати на стопанствениците повиќуивајќи ги да се вклучат во активно инвестирање и користење на владините мерки.
