Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анѓушев голема германска инвестиција ја прогласи за шпекулација

Анѓушев голема германска инвестиција ја прогласи за шпекулација

Кочо Анѓушев, вицепремиерот за економски прашања, можноста за влез на „Фолксваген“ во Македонија како странски инвеститор ја прогласи за шпекулација и рече дека „Гересхајмер“ е всушност големата компанија која влегува во индустриските зони во Македонија.

„Не, нема ништо од тоа дека Фолксваген ќе инвестира во Македонија и тие информации се шпекулација“, рече кусо Анѓушев на прашање на Дојче Веле.

За „Гересхајмер“, една од најголемите германски компании која произведува стаклени и пластични пакувања за фармацевтската и козметичката индустрија, вели дека вработува исклучително високо квалификувани и квалитетни луѓе-инженери. 

- Многу е важно што овие 18 компании кои ги донесовме како директни странски инвестиции веќе не се дел од трудоинтензивната дејност, туку повеќе се работни места за инженери, висококвалификуван кадар и се надеваме дека ќе имаат поголеми плати и ќе носат додадена вредност во економијата, додаде Анѓушев.

Додаде дека без разлика дали Владата ќе донесе закон за повисока минимална плата, што веројатно и ќе го направи, платите ќе растат како резултат на реалната состојба на пазарот. 

Слично

Поврзани вести