Анѓушев го пофали ребалансот на буџетот
Критики но и пофалби за кастрењата во државната каса.
Ребалансот на буџетот е главна тема цело утро а согласен со мерката е и вицепремиерот Кочо Анѓишев.
Тој на социјалните мрежи го пофали рбалансот најавувајќи го и како мерка за стимулирање на растот на платите.
„Со ребалансот на буџетот, најавуваме нова мерка за стимулирање на растот на платите, поддршка на стопанствениците и сузбивање на сивата економија.
Сите компании кои ќе покачат нето плата на кој било вработен, ќе бидат поддржани од Владата со субвенционирање на придонесите за социјално и здравствено осигурување за износот за кој е покачена платата“, напиша Анѓушев на Фејсбук.
Вицепремиерот наведува дека на тој начин, не се создавале дополнителни обврски за компаниите за придонеси за вработените, вработените ќе имаат повисоки примања, со што дополнително ќе се качи просечната нето плата, а пензискиот и здравствениот фонд сепак ќе добиваат средства од централниот буџет.
