Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анѓушев: Го чекам Ципрас со повеќе од 70 бизнисмени

Анѓушев: Го чекам Ципрас со повеќе од 70 бизнисмени

Кочо Анѓушев, вицепремиерот за економски праања, во студиото на 1ТВ рече дека грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе дојде со делегација од повеќе од 70 бизнисмени во Скопје. Точната бројка на потенцијални инвеститори ќе се знае денеска, а наедно тој потврди дека датумот на пристигнување на Ципрас е в понеделник.

- Отсекогаш ние најмногу сме соработувале во нашиот регион. И во времето кога политичките односи на нашата држава со Грција не беа најдобри и тогаш имаше сериозна економска соработка и Грција беше меѓу првите три во трговска размена и соработка и секогаш била наш економски партнер. Природно е да сме упатени едни на други, тука е и Солунското пристаниште кое е најблиско до нас за евтин транспорт на стоки и кога ќе видите дека ова пристаниште во голем дел работи за нашите компании, тоа е доволен доказ за обемот на соработката. Со ова не би рекол дека се сака да се покаже политичка порака, туку дека е нормален слет на политички настани. Со затоплувањето на односите и со решавање на долгогодишното проблематично прашање, се отвора многу простор за економска соработка.” изјави Анѓушев, кој најави дека ќе биде решен проблемот и со двојното оданочување со што се очекува голем број инвестиции од таму да дојдат во нашата држава и како гринфилд. 

Наведе дека истражувањето на германската асоцијација на инвеститори било прикажано во негативен контекст, по што владина деегација предводена од Анѓушев веднаш ги прими нејзините претставници на средба.

-Таму има убави бројки дека 76% од германските компании повторно би инвестирале во државава. Оваа година, 48% од компаниите очекуваат да го зголемат прометот. 41% очекуваат да го зголемат извозот и 39% очекуваат и понатаму да продолжат да вработуваат. Тоа се добри бројки. Но некои од лошите параметри што постојат во таа анкета, тоа што го кажаа како негативни забелешки беа пред сѐ во даночната политика, се разбира, на ниеден стопанственик не му е пријатно зголемување на даноците, особено персоналните. Имаат забелешки и во делот на царинските тарифи, тие се можеби и делумно оправдани, бидејќи постојат уште од времето на Социјалистичка Република Македонија, кога беа заштитувани одредени компании кои веќе не постојат. Мислам дека тука има простор за размислување и излегување во пресрет, но треба да се направи анализа, ќе видиме дали ќе има импликации врз буџетот, затоа што мора и тој да се полни за да се сервисираат потребите на граѓаните, изјави вицепремиерот.

Од другите поенти, Анѓушев тврдеше дека македонската плата просечно расте по 50 евра на годишно ниво и стандардот станува повисок затоа што инфацијата е помаа во однос на приходите.

- Лесно е да прикажеш позитивни економски ефекти со задолжување од три милијарди евра. Ние постигнавме позитивни ефекти без зимање кредит, наведе тој.

За слабиот старт на капиталните инвестиции Анѓушев вели дека секогаш е така во првиот квартал од годината поради фазата на буџетирање и тендерирање.





Слично

Поврзани вести