Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анѓушев ги повика Италијаните да ја градат Македонија

Анѓушев ги повика Италијаните да ја градат Македонија

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска ги повика италијанските компании да ги градат капиталните инфраструктурни објекти и да помогнат да се остварат планираните македонски инвестиции.

Италијански компании се веќе вклучени во инфраструктурни проекти во Македонија, како што е изградбата на експресните патишта, а ќе можат да се пријават и на претстојните тендери за изградба на пругата кон Бугарија. 

– За втората фаза од пругата се обезбедени средства, тендерот во првата фаза за техничка  квалификација е веќе завршен. Се радувам што на списокот на пријавени има и италијански фирми и се надеваме дека во евалуацијата ќе покажат добар резултат. За третата делница од Крива паланка до Деве Баир, која е и најкомплицирана и најскапа и ќе чини половина милијарда евра, се разговара за нејзино финансирање кое ќе биде обезбедено до крај на годината и ќе се распише тендер, рече Анѓушев, потенцирајќи го значењето на учеството на фирми од високоразвиените држави  од аспект на постапките за транспарентноста.

Анѓушев најави дека ќе следат и тендери за експресните патишта, за автопатот Гостивар-Кичево, за  енергетското поврзување со Албанија и за гасоводното со Грција, проекти на приватни инвеститори во делот на обновливи извори на енергија, како и изградба на пречистителни станици и регионални депонии. Постои простор за  соработка и преку Законот за финансиска поддршка на инвестиците.


Слично

Поврзани вести