Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анѓушев: Администрацијата беше исплашена во 2018-та

Анѓушев: Администрацијата беше исплашена во 2018-та

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, во своето гостување на Алфа Тв како делумни причини за  поливично реализираните капитални инвестиции во 2018-та ги посочи стравот во администрацијата и недоволно подготвените проекти, како и други фактори во неуспехот да се потрошат 400-те милиони евра за оваа намена.

Анѓушев не сакаше да издвои посебно на кој проект најмногу се потфрлило.

„Капиталните инвестиции во буџетот. Да, таму можеше да има повисока реализација и тоа јас би рекол дека е слабост. Не можам да ви издвојам еден проект поединечно како промашен, меѓутоа генерално тоа би го ставил како слабост во тој дел“ – рече тој.

Наведе дека градежништвото во 2019-та ќе се врати на старите патеки со забрзаната изградба на патот Кичево – Охрид, Штип – Радовиш, Штип – Кочани, излезот на Куманово кон Крива Паланка, Градско – Прилеп, далноводот кон Албанија, гасоводот кон Грција, новиот патен правец Скопје – Блаце и новите обновливи извори на енергија.


Слично

Поврзани вести