Ангеловски: Да се деблокира работата на Собранието
Ние сме заинтересирани буџетот да се донесе до 31 декември за да може она што е најавено и за кое имаме право да се оствари - усогласувањето на пензиите со трошоците на живот и со растот на платите, да може да се зголеми за околу 2 отсто и за 5 отсто да се зголемат пензиите од први март, ова го изјави Крсте Ангеловски, претседател на Сојузот на здруженија на пензионери на Град Скопје.
- Сметаме дека кочењето на работата на оваа собраниска Комисија или одолговлекувањето на донесувањето на буџетот ќе се одрази пред се на нашиот стандард, односно на нашите права што ги имаме стекнати во текот на нашето 40-годишно работење, истакна Ангеловски.
- Ова влијае пред се на нашиот стандард и на нашите права што ги имаме и затоа апелираме и став на пензионерите од Скопје и од цела Македонија е да се прекине со таа блокада за буџетот да може да се донесе, потенцира Ангеловски.
Пензионерската организација на Град Скопје ја сочинуваат 12 здруженија на пензионери и со тоа се покрива цел Скопски плански регион или 17 општини.
Слично
