Ангеловска: Владата одлучи, нема да се плаќа данок ниту за капитални добивки, ниту за депозити
Министерката за финансии, Нина Ангеловска, покрај одложувањето на прогресивниот личен данок на доход, рече дека за три години се одложува планот за оданочување на капиталните добивки и депозитот во банките.
Оваа мерка требаше да започне од 1 јануари 2019, но се одложува до 1 јануари 2023, a беше и еден од столбовите на владината програма пред изборите во 2016.
„Капиталната добивка ќе се вобеде за три години и со друг модалитет Анализата беше издржана на Комисијата од хартии од вредност и Македонска берза. Ги зедовме во предвид овие аргументи и решението ќе стапи на сила за три години. Не сакаме дестимулативно да влијаеме на развојот на берзата“, рече Ангеловска.
Таа рече дека се одложува и оданочувањето на каматите од депозити за 36 месеци, поради комплицираното администрирање кое би следувало, според Ангеловска, а и нема да има еднаков третман со данокот за капитална добивка.
Ангеловска рече дека нема да се даночат обврзниците кои имаат до 2 милион денари годишен промет, односно нема да плаќаат ДДВ од 2020.
- Тие се товар за системот и администрацијата. Тие се борат за да растат и напредуваат, а Владата треба да им даде шанса, рече Ангеловска.
