Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ангеловска: Прифативме 5.000 приговори за картичките, денеска ќе ги има на список

Ангеловска: Прифативме 5.000 приговори за картичките, денеска ќе ги има на список

Прифатени се околу 5.000 приговори за домашната платежна картичка од категоријата Млади лица - средношколци и студенти од 16 до 29 години, објави доцна синоќа министерката за финансии Нина Ангеловска. Денеска овие лица ќе бидат додадени на листата на kupuvandomasno.gov.mk и нивните платежни картички ќе почнат да се печатат. Објавата следува откако со денови дел од младите кои треба да ја добијат картичката се жалеа дека немаат одговори за поднесените приговори.

„Проверката на сите поднесени приговори од оваа категорија граѓани ја врши Министерството за образование и наука, а во текот на следните неколку денови очекуваме да ја финализираат проверката за евентуално дополнителни прифатени приговори. Заедно со претходно усвоените приговори, досега вкупно се прифатени 7.000 приговори. До крајот на неделата треба да се завршат сите проверки на сите приговори вклучително и проверките од УЈП, МТСП, АВРМ и ФЗОМ со што ќе се затворат сите поднесени приговори и ќе информираме за вкупната конечна бројка на прифатени приговори. Сите кои ги исполнуваат условите ќе добијат домашна платежна картичка, напиша Ангеловска.

Вчера освен средношколците, туку и голем број студенти се жалеа дека уште немаат добиено ниту државни платежни картички, ниту одговори на нивните приговори што биле испратени на мејлот кој беше даден на веб страницата kupuvamdomasno.gov.mk.


Слично

Поврзани вести