Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ангеловска: Префрлени 32 милиони денари за картичките со приговори

Ангеловска: Префрлени 32 милиони денари за картичките со приговори

Утрово по инициран налог од Генералниот секретаријат биле префрлени 32 милиони денари кон банките за прифатените приговори, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на фејсбук. Вели дека во текот на денешниот и утрешниот ден банките ги ставаат на располагање овие пари на домашните платежни картички на граѓаните.

Од разгледаните 46.000 приговори, 9.200 беа прифатени од кои - 5.800 млади лица од 16 до 29 години, 700 невработени лица со низок доход и 2.700 вработени лица со низок доход, пишува Ангеловска.

Со денешната префрлена сума од прифатените приговори вкупно се исплатени 28.3 милиони евра.

Заклучно 25ти јули беа издадени над 300.000 картички во износ од 26 милиони евра, од кои 20 милиони евра потрошени за купување домашни производи и услуги.
Со картичките се направени 1.5 милиони трансакции до 25ти јули.


Слично

Поврзани вести