Ангеловска: Од прогресивниот данок собрани само 12 милиони евра
Министерката за финансии, Нина Ангеловска, како гостин во МРТ реле дека средствата кои се собрани од прогресивниот данок пред тој да се замрзне изнесуваат 12 милиони евра, што не кореспондира со проектираната сума.
Ефектите што биле предвидени да се очекуваат од прогресивното оданочување се 25 милиони евра. Но во меќувреме не било земено во предвид дека обврзниците би ги распределувале средствата кон своите блиски и кон странство за да ги избегнат плаќањата, а инаку потенцијалот би бил 40 милиони евра на годишно ниво.
– При проектирањето, доколку ги земете податоците од 2018 година и го аплицирате новото даночно решение, потенцијалот е дека би требало да се приберат нови 40 милиони евра, додека претходно беа комуницирани 25 милиони евра. При анализата за шест месеци ако се земе дека милион и 80.000 денари е прагот на годишно ниво, за пола година тој праг е поставен на 540.000 денари за да се видат и оние ефекти од оние каде е засметан данокот, а допрва ќе биде платен. Ако тоа го согледаме ние сме прибрале околу 12 милиони евра, а потенцијалот бил да се приберат 52 отсто повеќе односно нешто над 19 милиони евра. Ова укажува јасно дека тие приходи се изгубени поради промена на однесување на обврзниците, вели Ангеловска.
Таа вели дека во денешни услови кога сива економија се уште не е зауздана на овие обврзници не им е сеедно и се шувствуваат обесправени а и тие луѓе денес полесно од кога било можат да го преселат капиталот во друг даночен систем и да плаќаат даноци на некоја друга земја наместо на нашата. Најави дека во следниот период ќе се работи на оптимално решение со кое под поволни услови ќе се врати прогресивниот данок во 2023.
– На пример имаме едно лице кое зема доход од 100.000 денари, а е единствен кој работи во семејството – жената не работи, децата се мали и на нив практично тие 100.000 денари им се единствениот доход. Имаме друго семејство од четворица возрасни, сите работат и земаат по 50.000 денари секој. Кое семејство е побогато? Треба превид да се земе домаќинството,изјави Ангеловска.
