Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нина Ангеловска, Китанов и Дураки од 15 декември влегуваат во Одбор на директори на Телеком

Нина Ангеловска, Китанов и Дураки од 15 декември влегуваат во Одбор на директори на Телеком

Македонски телеком за 15 декември го закажа Собранието на друштвото на кое треба да се изберат новите членови на Одборот на директори, кои ги предложи Владата. 

На тоа собрание треба да се изберат поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска, поранешниот директор на ЈП Државни патишта Зоран Китанов, потоа екс министерот Садула Дураки. Владата ги предложи и Шкодране Дарлишта, Бардул Насуфи и Аќиф Мехдиу.

Македонски телеком денеска извести дека на Собранието на друштвото од функцијата членови во Одборот на директори ќе бидат разрешени Назим Буши, Сашо Велески, Замир Мехмети, Дивна Ефтимоска Мирослав Вујиќ и Сашо Симјановски.

Мандатот на избраните директори изнесува 4 години.


Слично

Поврзани вести