Ангеловска-Бежоска си замина од Народна банка со златник доделен од Славески
Досегашната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска вчера го одработи својот последен работен ден во Народна банка, а нејзиниот наследник Трајко Славески ја испрати со златник како признание за седумгодишната работа од мандатот.
„Почит за посветеноста и придонесот! Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и додели златник на поранешната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска – симболичен знак на благодарност за нејзиното долгогодишно и посветено водство на институцијата.
Со овој чин, Народната банка изразува искрена почит кон сите кои оставиле значаен белег во нејзиниот развој“, соопшти централната банка.
Според она што претходно го кажа Славески, Ангеловска-Бежоска својата кариера ќе ја продолжи во некоја од меѓународните финансиски институции.
Слично
