Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ангеловска-Бежоска: Не правете непотребни трошоци во менувачниците

Ангеловска-Бежоска: Не правете непотребни трошоци во менувачниците

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во денешното интервју за МИА тврди дека Народната банка со целосна одговорност стои зад тоа дека денарот е стабилен и дека таков ќе остане.

Во однос на информациите дека на пазарот нема девизи, гувернерката вели дека тоа не е точно и апелира до граѓаните да не подлегнуваат на ваквите шпекулации.

– Морам да го адресирам ова прашање, бидејќи реално овие шпекулации на граѓаните им создаваат материјална штета. Сведоци сме дека, во време кога се зборува за криза, сè уште дел граѓани прибегнуваат кон претворање на заштедите во девизни или да купуваат девизна готовина. Покрај тоа, се јавуваат и шпекулации дека на пазарот нема девизи, што апсолутно не е точно. На овој начин се прави неосновна паника и граѓаните, врз основа на шпекулации, плаќаат и повисока цена за промена на валутите и губат средства, вели Ангеловска-Бежоска на едно од прашањата.

Според гувернерката, нема причина за промена на курсот, и дека тоа никому нема да му користи.

Девизните резерви се високи и изнесуваат 3,4 милијарди евра или се на двојно повисоко ниво во однос на 2008 година, која беше година на глобална финансиска криза, а стабилноста на денарот беше успешно задржана.


Слично

Поврзани вести