Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ангеловска – Бежоска: Растот на цената на нафтата е очекуван

Ангеловска – Бежоска: Растот на цената на нафтата е очекуван

Според новата гувернерка на НБРМ скокот на цената на нафтата за Централната банка е очекуван.

Анита Ангеловска-Бежоска ова го кажала денеска на  одговорајќи на новинарски прашања во Охрид каде се одржува 11. Конференција за плаќања и пазарна инфраструктура „Време е за дигитализација“.

„За нас како Централна банка растот на цената на нафтата е очекуван. Во фазата на макроекономските проекции ние ги следиме сите тековни движења, очекувањата на аналитичарите, така што цената не е за изненадување, уште повеќе што по неколку години пад на цената на нафтата минатата година покажа нагорен тренд“, рекла гувернерката.

Според она што го истакнала  Ангеловска-Бежоска нафтата е само една од компонентите што влегуваат во инфлацискиот индекс, која нема директен значаен ефект и самите промени на нејзината цена не би требало да предизвикаат позначајни инфлаторни притисоци.

Слично

Поврзани вести