Ангелов влезе во МРТ и побара да ги објават снимките од ,,бомбите”
Генералот Стојанче Ангелов заедно со свои поддржувачи, вечерва влезе во зградата на МРТВ и им предаде ДВД снимки од осмата ,,бомба” на Заев што ја објави вчера.
Ангелов побара од МРТ да ги пушти снимките во вестите на телевизијата да ја исполни својата должност -да го брани јавниот интерес.
,,Немаме намера да предизвикуваме немири и да ја разгоруваме омразата кај македонскиот народ. Сакаме само да ги замолиме дежурните екипи да пуштат дел од разговорите кои синоќа ги објави опозицијата. Тоа е најлегитимно барање кое ние не ни треба да го поднесуваме, туку тоа е работа на МРТ која ние ја плаќаме. Тие се должни да ги објават овие материјали, во спротивно се изложуваат на казна затвор затоа што ја злоупотребуваат службената положба и на тој начин ја помагаат оваа власт”- рече Ангелов.
Бидејќи никој од уредниците или менаџментот на телевизијата не го прими Ангелов, тој им го предаде ДВД-то на обезбедувањето, додека полициски единици ја чуваа зградата.
Ангелов рече дека доколку не ги емитуваат снимките вечерва, тој и утре ќе продолжи со своите активности и ќе бара средба со менаџерите на МРТ за да ја принудат телевизијата да работи во интерес на граѓаните.
Фото: Фокус
Слично
