Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ангелов: Вџашен сум од она што можев да го слушнам од Иванов

Ангелов: Вџашен сум од она што можев да го слушнам од Иванов

Партијата „Достоинство“ ќе преземе иницијатива за во иднина претседателите на Македонија да не можат да ги заплашуваат граѓаните кои не се согласуваат со политиките на власта.

Ова денеска го најави лидерот на партијата, Стојанче Ангелов.

„За жал, она за што се боревме во 2001 година и она што се случува денес во Република Македонија е огромна разлика. Го слушав вчерашниот говор на Иванов, го ислушав неколку пати. Вџашен сум од она што можев да го слушнам. Тој во неговиот говор спомена дека се мислел дали да ја употреби армијата, истата онаа армија која што крвареше во 2001 година бранејќи ја државата. Истата онаа армија која во 2001 година ги бранеше македонските граѓани. Тој 15 години подоцна размислувал да ја употреби против неговите граѓани, против граѓаните на кои тој е претседател, против граѓаните на Република Македонија“ - вели Ангелов.

Во воена година, кога во Македонија имавме непрогласена воена состојба, ние размислувавме дали формално да ја употребиме војската во територијата на Република Македонија бидејќи Уставот тоа го забрануваше, објаснува Ангелов.

Тој додава дека на денот кога започна нападот, ниту пак во текот на вчерашниот ден, кога имаше загинати бранители, никому од државниот врв не му текна да го одбележи овој многу важен ден за  бранителите.

Слично

Поврзани вести