Ангелов: Станете дел од македонската историја! Дојдете пред МТВ во 12!
МИРОЉУБИВИ ВОИНИ!
Денеска во 12.00 часот, 10.000 воини на специјалната политичка единица на Граѓанскиот Пленум ќе се постројат пред МРТ! Христијани и муслимани! Македонци и Албанци! Срби, Турци, Власи, Роми, Бошњаци, Хрвати и Црногорци, и сите други! Политички неопределени и неутрални! Достоинство, сдсмовци и вмровци! Ќе се построиме сите заедно! Со една единствена цел! Ослободување на Државата од канџите на Режимот!!! Дојдете во нашиот строј! Станете дел од македонската историја! Без насилство! Со разум! И нормално, со љубов!
Фејсбук статус на Генерал Стојанче Ангелов
Слично
