Ангелов пред МРТВ: битка за правдата!
Генералот Стојанче Ангелов и неговите приврзаници денеска на пладне најавија нов протест пред МРТВ, во обид како што велат да ги убедат главните уредници да ја пуштат во програма „бомбата“ на опозицијата. Ангелов инаку, до пред малку беше гостин на емисијата „Стадион“ на Канал 77, од каде директно се упати кон зградата на МРТВ.
Ангелов вели дека ќе истрае во битката за правда и правичност, се додека не ја „ослободи“ МРТВ од стегите на власта.
МРТВ е јавен сервис за кој плаќаат сите граѓани, па јасно е дека пласирањето на информации таму не смее да биде селективно, велат граѓаните.
Инаку до сега генералот организираше повеќе собнири пред МТВ, а ова е второ саботно собирање. На првото жените се обидоа да влезат во МРТВ со искажување бакнежи кон припадниците на МВР.
Во меѓувреме Ангелов поднесе кривична пријваа против главниот уредник на МТВ Диме Ратајковски. Пријава за злоупотреба од Ангелов доби и обвинителот Марко Зврлевски.
Слично
