Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ангелов: Правдата ќе ги стигне оние кои се изживуваа со брат Љубе

Ангелов: Правдата ќе ги стигне оние кои се изживуваа со брат Љубе

Откако Специјалното јавно обвинителство објави детали за случајот „Тортура“, со реакција излезе и претседателот на партијата „Достоинство“, Стојанче Ангелов.

Тој потенцира дека таква суровост како при апсењето на Љубе Бошкоски не е нормална, а на СЈО му честиташе за покажаната храброст и професионалност . СЈО објави дека е отворена  истражна постапка против поранешниот шефот на УБК, Сашо Мијалков и 6 припадници на специјалната единица „Алфа“, кои се осомничени за мачење, сурово и нечовечно постапување при апсењето на Љубе Бошковски за случајот „Кампања“. „Тоа докажува дека правдата иако е спора, таа е извесна и се надеваме дека ќе ги стигне виновниците кои животински се изживувале врз нашиот брат Љубе Бошковски“ - рече лидерот на „Достоинство“.

СЈО не побара притвор за 7 осомничени за спектакуларно апсење на Бошковски.  Издадена е само предлог - мерка на претпазливост за оние осомничени кои сè уште работно се ангажирани во Министерството за внатрешни работи.

Слично

Поврзани вести