Ангелов на ФБ повика на ненасилен упад во МРТВ!
Поранешниот генерал Стојанче Ангелов на својот Фејсбук профил повика на ненасилен упад во МРТВ вечерва во 19 часот.
„Дојдете вечерва во 19.00 часот пред Македонската Телевизија! Да влеземе внатре, најчовечки, без насилство и закани, да ја убедиме дежурната екипа да ги игнорира наредбите од сегашното раководство, раководство кое за кратко време кривично ќе одговара за злоупотреба на службената положба. Да ја убедиме да ги пушти последните аудио снимки кои вчера ги објави опозицијата. Да ги убедиме да престанат да ја потценуваат интелегенцијата на граѓаните. Македонските граѓани не се глупи! Нека ги слушнат снимките и самите нека заклучат кој ја зборува вистината“, напиша генералот на својот профил.
Тој денеска одржа револтиран говор пред Собранието каде што рече дека Никола Груевски за него веќе не е легитимен премиер, а полицијата пред Влада ја запраша дали се подготвени да го тепаат македонскиот народ, ако знаат дека наредбата е апсурдна? Дали се спремни со гумени патрони да пукаат по македонски народ?
