Ангелов: Јавниот притсок вродува со резултати
Стојанче Ангелов денеска оствари средба со Генералниот секретар во Јавното обвинителство и од истиот беше известен дека во следните неколку дена ќе биде примен од јавен обвинител пред кој ќе ги повтори барањата.
Ангелов бара да го известат врз која одлука Јавното обвинителство го објавиле соопштението до медиумите со кое што неформално и забрануваат на МРТВ да ги емитува разговорите што ги објавува опозицијата.
Лидерот на Достоинство запраша како е можно на втората програма на Македонската телевизија секојдневно се слушат снимките што ги објавува опозицијата а на првиот канал истите не смеат да се емитуваат.
- Дали е тоа така бидејќи контролата на првиот програмски сервис има ВМРО ДПМНЕ, а вториот програмски сервис го контролира ДУИ. Дали тоа покажува дека има разлика во ставот за тоа дали овие разговори треба да емитуваат помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Бараме на кој закон и на кој член се заснова скандалозната одлука на Обвинителството да забрани емитување, која е спротивна со Уставот, спротивна на домашните закони, но и со меѓународните конвенцвии, воедно го прашуваме обвинителот дали презел мерки против радијата, телевизиите и порталите кои веќе со недели ги објавуваат овие снимки, рече Ангелов.
И на врапците во Македонија им е јасно дека живееме во режим и дека Горан Петрески од страв од режимот не ги објавува снимките и соопштението од Обвинителството го користи само како алиби. Сакам да го избијам ова алиби од неговите раце, за да тој нема алиби и да мора да ги емитува овие снимки, потенцираше Ангелов.
Стојанче и вечерва ќе продолжи да излегува пред МРТ во истото време како и досега и смета дека само со континуиран притисок може да се постигне јавниот сервис да биде во служба на сите граѓани, а не на режимот.
