Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ангелов: Граѓаните го даваат легитимитетот на оваа власт и тие ќе го вратат назад

Ангелов: Граѓаните го даваат легитимитетот на оваа власт и тие ќе го вратат назад
Стотина луѓе денеска се собраа пред споменикот Жена Борец, на мирен марш против начинот на известување на МРТВ. Протестот го организираше генералот Стојанче Ангелов, кој пред споменикот на борците во паркот положи цвеќе и рече дека тие бранители не се бореле за ваква Македонија. „Поддршката која ја имам денеска е многу поголема од таа што ја имав кога протестирав против Талат Џафери. Дојде ден македонскиот народ да даде поголе поддршка против режимот. Овој режим е полош од борбата со УЧК во 2001 година и затоа ќе го уништиме“ – рече Ангелов. Тој го спореди режимот на владејачката партија со монструми и зомби од филмови кои оживуваат и откако ќе бидат соборени. Ангелов рече дека пратениците во Собранието и функционерите во Владата немаат легитимитет. Според него, граѓаните го даваат легитимитетот на оваа власт и тие ќе го вратат назад.   Фото: А1Он
Слично

Поврзани вести