Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ангела Меркел не не сака?

Ангела Меркел не не сака?

Германија и останатите членки на ЕУ и НАТО немаат искрени намери кон евроатланската интеграција на Република Македонија, смета германскиот професор и балканолог Волф Ошлис.

„Канцеларката Меркел, веќе пред неколку години изјави дека уште Хрватска ќе влезе во ЕУ, потоа вратите на Унијата ќе бидат затворени, за една долга, долга „пауза“. Економската руина Хрватска  со своите 50 милијарди евра долгови кон странство од ланскиот јули стана членка на ЕУ. Истата Ангела Меркел има антипатија кон Mакедонија и Србија, а таа антипатија ја прави беспомошна Европската унија“, вели Ошлис во интервју за програмата „Гласот на народот“ на ТВ Сонце. Овој експерт за Балканот и Македонија, појаснува и додава дека „Ангела Меркел, воопшто не вложува напор да ја скрие својата антипатија“. Притоа тој потсетува дека во 2012 година Берлин го посети македонска политичка делегација, која имаше средба со германската канцеларка. Таа, вели, им го честита успехот пред Хашкиот суд на правдата во таканаречениот спор околу името и во истиот здив изјави:„А сега вие морате да го завршите спорот околу името“.  
Слично

Поврзани вести