Ангел Димитров: Многу споменици во Скопје се поврзани со бугарската историја
Тој ги повика Европската унија и САД да не ја критикуваат само Бугарија во преговорите со Македонија, бидејќи соседот, според Димитров, може да биде „тројански коњ“ на Москва.
- Од таква перспектива, дали Европската Унија и САД разбираат дека упатувајќи критики само кон Бугарија, тие всушност ја рехабилитираат Коминтерната, руските и српските интереси, Сталин и Тито и тоа идеолошко наследство кое е апсурдно далеку од научното прецизност, политичка коректност и европски вредности? И дека држава која е генетски поврзана со Србија и Русија не може и не сака да им го сврти грбот? Во овој контекст, апсурдни се навестувањата дека позицијата на Бугарија им е на услуга, бидејќи Бугарија силно ја поддржа евроатлантската интеграција на Република Северна Македонија за да и помогне да излезе од старата југословенска комунистичка орбита. Инаку, Москва нема ништо против евроинтеграциите на Белград и Скопје, бидејќи - со оглед на нивното политичко наследство - тие ќе бидат толку потребните „тројански коњи“ во Европската унија, смета историчарот.
