Аневски: Јанева да ни ги објасни работите кои не се јасни во извештајот
Советот на јавни обвинители денеска повторно, ја одложи седницата на која требаше да биде разгледан извештајот на Специјалното јавно обвинителство за работата за период од 6 месеци.
Претседателот на Советот, Петар Аневски објасни дека седницата се одложува поради недоаѓањето на обвинителката, Катица Јанева.
„Денешната седница повторно е одложена и закажана за понеделник, во 11 часот, бидејќи по отворената дискусија меѓу членовите на Советот, заклучивме дека е нужно обвинителката Катица Јанева да дојде и да присуствува заради разјаснување на некои работи што ни се нејасни“ - рече Аневски.
Тој рече дека ќе достават писмена покана до специјалната обвинителка Јанева за седницата в понеделник.
Вели дека дел по дел го разгледуваат извештајот, и во понеделник ако се појави Јанева ќе кажат што е нејасно.
Јанева вчера изјави дека нема намера да дава отчет, затоа што нема таква законска обврска.
Слично
