Јанева учествува на комеморација во Палермо
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева денеска е на комеморација во Палермо, Италија.
„Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, ја известува јавноста дека во организација на Фондацијата Франческа Фалконе, денеска во чест на жртвите на Џовани Фалконе, Франческа Морвиљо, Паоло Борселино и сите полициски службеници и жртви на мафијата се одржува комеморација во Палермо. Во фокусот на комеморацијата е борбата против организираниот криминал и истата има за цел да собере реномирани италијански и странски академици и експерти, вклучително и највисоки државни функционери“ - пишува во соопштението од СЈО.
На покана на Фондацијата Франческа Фалконе, на комеморацијата присуствува Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, придружувана со двајца јавни обвинители од ова Јавно обвинителство, главниот истражител и нејзиниот шеф на кабинет.
Слично
