Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борг: Грција ќе излезе од еврозоната!

Борг: Грција ќе излезе од еврозоната!
Грција ќе ја напушти еврозоната во рок од шест месеци", убеден e шведскиот министер за финансии ,Андерс Борг. "Тие, најверојатно, ќе ја напуштат  еврозоната. Ние не треба да ја исклучиме можноста тоа да се случи во наредните шест месеци", рече Борг за Блумберг во телефонско интервју од Токио, каде што одржа годишниот самит на ММФ. Излезот  на Грција од еврозоната  често се наведува како можно сценарио. Сепак, се чини дека сите сакаат да се избегне. Шведскиот  министерза финансии, од друга страна, пак, смета дека доколку  се случи, Европа нема да страда поради тоа претерано. "Јас не верувам дека излезот на Грција од еврозоната ќе има претерано влијание врз финансискиот систем.  Сите заинтересирани страни веќе добро  знаат од  која страна дува ветерот " изјави Борг. Швеѓанецот е убеден дека Грција, ако остане во еврозоната, не може да ја спаси својата проблематична економија. Според Борг, единствениот начин за Грција да ја опорави економијата и да ја поттикне конкурентноста  е можно само преку девалвација на валутата. Што па не е можно се додека Грција не ја врати драхмата.
Слично

Поврзани вести