Андреја Јосифовски плати околу 30.000 евра за 100 акции во „Макпетрол“, зошто?
Инвеститорската јавност е поделена околу тезите се пласираат како одговори на прашањето: зошто Јосифовски сега купува акции во „Макпетрол“?
Андреја Јосифовски, претседателот на управниот одбор на „Макпетрол“ купи 100 акции во компанијата што ја преводи, најголемиот малопродажен ланец за нафтени деривати во земјава, објави „Макпетрол“ на интернет страницата на „Македонската берза“. Во овој период од 30 дена Јосифовски купил 100 акции со право на глас во компанијата што ја води за што, според последните пазарни цени од тој период, за што платил околу 30.000 евра. Акциите што ги купи Јосифовски се помалку од 0,01 од сите акции со право на глас во таа компанија.
Овој чекор на Јосифовски дел од членовите на македонската инвеститорска заедница веднаш го протолкуваа како позитивен сигнал и денеска цената на таа акција во класично тргување на пазарот порасна за 6,1 отсто и стигна до 18.200 денари за акција. Тоа е раст од 1.000 денари за еден ден веднаш по објавата на оваа информација во јавноста.
Пред објавата на информацијата оваа акција ја имаше значајно пониска просечна дневна цена и таа изнесуваше околу 16.800 денари за акција. Најниската, пак, поединечна цена за таа акција беше 16.500 денари
Меѓу инвеститорите има и такви кои овој потег на Јосифовски го оценуваат како обид за окуражување на вработените-акционери и за приближување до нив преку обид за враќање на довербата во него и во актуелното раководство на таа компанија. Според некои од нив веќе подолго време значаен дел од вработените на пумпите ширум земјава се незадоволни од актуелното раководство, од начинот на кој се води фирмата, од континуитетот во продуцирањето на загуба од работењето, но и во тоа што транспортната фирма ќерка „ОИЛКО“ во која Андреја Јосифовски е втор по големина акционер е во добивка додека нејзиниот најголем клиент „Макпетрол“ постојано е во загуба од работењето подолг период.
Има и уште една теза, која е во сферата на шпекулациите, и која наведува на тоа дека Јосифовски сега купувал за да постигне две цели: да ги окуражи вработените со својот гест, но и да купува акции на ниски цени и со тоа да чисти терен за да понудата на акции во поголема мерка не ја надрасне побарувачката со што и повеќе може да падне цената. Наводно, во случајот, тој се јавувал како „ликвидити провајдер“ односно главен играч на куповната страна. Главен аргумент во нивната теза е тоа што Јосифовски се вклучил и купувал во период кога навистина цената на таа акција го достигна годишното дно.
Засега се е во сферата на шпекулации и од оваа перспектива уште не може да се насети ниту распознае нова тенденција во случувањата поврзано со „Макпетрол“.
Р.Ф.
Слично
