Андреј Жерновски: Општина Центар ќе и додели милион денари на Србија и Босна
- Општина Центар донесе одлука да додели парична помош во износ од 1.000.000 денари за настраданите граѓани од поплавите во Република Србија и Република Босна и Херцеговина.
Средствата се од буџетот на општина Центар и се уплаќаат на посебна сметка на Црвениот Крст.
- Доделуваме парични средства бидејќи тоа беше сугестијата од Црвениот Крст на Србија и на БиХ и тоа им е во овој момент најпотребно. Овие средства ќе стигнат на вистинска адреса и ќе бидат мала помош за настраданите жители, рече градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.
Одлуката ја донесоа едногласно сите советници на општината Центар.
Слично
