Економија, финансии, бизнис

Контакт

Андреј Ковачев порача дека Грција треба да направи отстапувања за Македонија

Андреј Ковачев порача дека Грција треба да направи отстапувања за Македонија

Грција да ги направи своите отстапувања за Македонија да стане дел од НАТО, а потоа и од ЕУ, изјави бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев непосредно пред Бугарија да го почне своето претседавање со Унијата.

Политиките кои ги спроведуваше власта предводена од Груевски се веќе минато и време е за градење на добрососетски односи,  вели европратеникот од ГЕРБ во интервју за ТВ Европа. Според него острата реторика од македонска страна е намалена и сега е време и Грција да го направи истото.

„Грчката страна сепак треба да ги направи своите отстапувања и Република Македонија да стане дел од НАТО било да е под името Поранешна Југословенска Република Македонија или под некое друго име, но тој процес мора да биде деблокиран. Јас разбирам, пред тоа беше политиката на Груевски и неговите постојани провокации“ – вели Андреј Ковачев, европратеник на ГЕРБ ЕНП.

Пред само два дена во Кавала бугарскиот премиер, Бојко Борисов во четири очи, но и во присуство на медиумите и јавноста му порача на грчкиот премиер, Алексис Ципрас дека земјата која Грција ја нарекува ФИРОМ за Бугарија е само Република Македонија.

„Истото го кажав во Скопје истото го имам кажано и на Вучиќ, и на косовскиот премиер. Што постигна Србија со Косово, или Косово соодветно. Или каков е просперитетот на тука кај вас Поранешна Југословенска Република Македонија за нас е Република Македонија. До каде водат тие спорови“ - рече Борисов. 

Борисов порача дека кога Европа е единствена тогаш има просперитет. 

Слично

Поврзани вести