Економија, финансии, бизнис

Контакт

Андреевски: Наместо 10 милиони евра за инвертери, требаше за фотоволтаици

Андреевски: Наместо 10 милиони евра за инвертери, требаше за фотоволтаици

Енергетскиот консултант Митко Андреевски за ТВ24 вели дека голем дел од надминувањето на енергетската криза зависи од политиката и политичките одлуки. 

„Можеби 10 милиони евра кои ги користевме за субвенција на инвертер клими, да ги користевме за субенциија на фотоволтаици ќе беше попаметно. Ние стимулираме потрошувачка на енергија за загревање, а не стимулираме производство на електрична енергија“, вели Андреевски.

Тој проценува дека држава ќе мора да вбризга многу повеќе пари во енергетскиот сектор, а дополнителна тешкотија е тоа што огромен дел од високостручните кадри ја напуштиле земјата.

„Во наредните години интенција ќе биде секоја држава сама да си проивзедува енергија“, смета Андреевски, со тоа сакајќи да каже дека енергетската зависност ќе мора да се надминува.

Слично

Поврзани вести