АНДРЕА УБИЕНА ОД НЕБРЕЖНОСТ: Шпанците ја завршија истрагата за смртта на студентката од Ниш
Шпанската полиција ја заврши истрагата за несреќата во која летово загина Андреа Периќ (21), студентка на трета година на Економскиот факултет во Ниш. Тогаш загинал и дечкото на Андреја, шпанецот Алваро М.М.(21), а жената (67) која удрила во нивното возило ќе одговара за убиство од небрежност, пишуваат локалните медиуми.
Трагедијата се случи на 13 јули во градот Еспиноза дел Камино. Врз основа на истрагата која траела три месеци, било утврдено дека 67-годишната жена почнала нелегално да престигнува камионот.
- Беше 22 часот и 35 минути кога патнички автомобил кој престигна камион налета на левата лента директно во „форд“ кој прописно се движеше по десната лента во спротивна насока – пишува elnortedecastilla.es.
Андреја била во „форд“ со своето момче и неговата сестра (29). По несреќата нивното возило се превртело и било целосно уништено. Тие останале заробени се додека не пристигнале пожарникарите и не ги извлекле од урнатините. Со повреди се спасиле сестрата на загинатиот млад човек и жената која ја предизвикала несреќата.
- Од исказот на сведоците и трагите пронајдени на местото на настанот, како и оштетувањата на возилата, можеше да се утврдат патеките по кои се движеле неколку моменти пред судирот и да се прецизира местото каде дошло до судирот.
Притоа, констатирано е постоење на многу тешко прекршување на Општите сообраќајни прописи, при вршење на непрописно престигнување што довело до сообраќајна незгода во која загинале две лица, а за што се води истрага против насилниот возач. Наводниот сторител на кривичното дело убиство од небрежност е предаден на Истражниот суд во Бривијеска – пренесува шпанскиот портал.
Младата Андреа била во Шпанија на студентска размена.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
