Економија, финансии, бизнис

Контакт

Андов: Бранко за жал на ВМРО ДПМНЕ е далеку од Гадафи

Андов: Бранко за жал на ВМРО ДПМНЕ е далеку од Гадафи
Претседателот на Либералната партија, Стојан Андов на протестот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека со денови ја слуша тезата дека Бранко бил Гадафи. -Јас сум се видел со Гадафи неколку пати и можам да потврдам за нивна жал, за жал на ВМРО ДПМНЕ дека Бранко е далеку од Гадафи“, изјави Стојан Андов. - Дојдов заради тоа што сум убеден дека ова е собир на чесни и достоинствени луѓе. Овој собир не одобрува насилство и со тага ги чувствува последните делби на Македонците. За жал во понеделникот на 24-ти, во Собранието кое е дом на слободата и демократијата, демократијата беше укината. На една третина од народните пратеници им беше суспендиран мандатот. Тоа е газење на Уставот и не се случило дотогаш во Македонија, тоа не се случило никаде во светот. Ако има такви случаи, тоа не се избрани од народот, туку се работи за диктатори, рече Стојан Андов на протестот на опозицијата пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. - За да се прикрие тоа, се направи обид за да се истераат новинарите од галеријата. Се направи опасен потег, уште едно газење на Уставот. Седницата противуставно ја затворија. Затоа има можност да се најдат одговорните и да понесат одговорност. Во офанзива е црна пропаганда на власта, сега се зборува за се, ама се премолчува бркањето на новинарите или влечењето или тепањето на пратениците , додаде Андов.  
Слично

Поврзани вести