Андонов: Преполовена оштетата што ја бараше Хеленик Петролеум
Виктор Андонов, советникот на Владата за енергетика, потврди дека пресудата на Арбитражниот суд во Париз со која државата треба да му плати на Хеленик Петролеум 25,6 милиони евра поради неисполнување на договорните обврски за купување најмалку 500.000 тони мазут од Грција на годишно ниво, е пристигната пред неколку дена..
Како што вели Андонов, преполовен е износот на оштета што го барала грчката компанија.
– Вкупното оштетно побарување кон Република Северна Македонија заедно со каматите за периодот 2008-2011 година изнесуваат 42 милиони и 646 илјади евра. Согласно пресудата, оштетното побарување кое е пресудено од страна на Арбитражниот суд во Париз е за 50 проценти пониско од првичното барање, односно оштетното побарување пресудено од Судот изнесува 21 милион 478 илјади 799 евра, што значи дека нашиот адвокатски тим се изборил за преполовување на бараниот износ, рече Андонов.
Француската адвокатска канцеларија „Дехерт“ во моментов ја разгледува и ја анализира пресудата, по што ќе биде одлучено какви чекори ќе превземе македонската страна.
Македонија ќе треба да плати 25,6 мииони евра казна за кршење на договорот со поранешен „Хеленик петролеум“, објавија грчки и француски медиуми.
Како што пишуваат грчките медиуми, компанијата добила 80 проценти од бараните 32 милиони евра, односно Македонија ќе треба да и исплати на грчата енергетска компанија 25,6 милиони евра.
Ова е втор пат како државава е казнета за неисполнување на договорот со грчката компанија. Претходната пресуда на Арбитражниот суд беше на 40 милиони евра.
