Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анџелина Џоли меѓу бегалците во Либан

Анџелина Џоли меѓу  бегалците во Либан
Холивудската актерка,  Анџелина Џоли ги посети семејствата на сириските бегалци кои живеат во кампови во Либан. Во тоа време над импровизираниот центар врнеше дожд и местото  беше во кал. Ѕвездата, која исто така е и претставник на ОН, го посети и главниот град Бејрут. Џоли реши на тој начин да се одбележи петгодишнината од војната на Блискиот Исток. Конфликтот протера 4,8 милиони Сиријци од нивната земја, а и расели други 6,6 милиони луѓе во различни делови на Сирија. Во кампот Џоли одржа средби со група жени, кои живеат во лоши услови  и каде нивните семејства се изложени на болести. Ги повика владите во светот да ја зајакнат својата помош за скоро 5-те милиони луѓе, кои се принудени поради војни да ги напуштат своите домови. Таа  истакна дека во Либан има над 1 милион бегалци од почетокот на конфликтот во 2011 година. Џоли треба да го посети и грчкиот остров Лезбос каде исто така има бегалци. 655-402-andzhelina-dzholi (1)
Слично

Поврзани вести